Дивна Војновска веќе три дена работи во ординацијата во гратчето Суќурај, на островот Хвар, во Хрватска и вели дека е среќна со изборот што го направила.
-Семејството во Македонија беше мошне скептично и не без многу среќни што заминувам, но потоа ја прифатија мојата одлука, еве сум тука, и убаво ми е, вели Дивна во разговор за хрватските медиуми.
Во текот на вториот работен ден немала многу пациенти, но затоа претходниот ден амбулантската чекалница била преполна, бидејќи сите сакале да ја запознаат новата докторка.
– Првите впечатоци со пациентите се одлични. Луѓето се навистина љубезни, немав досега никакви проблеми, вели Дивна.
Нема проблеми ниту со јазикот бидејќи како што вели неколку месеци поминала во Хрватска, во Сплит каде работела на нострификација на дипломата.
– Требаше да ја нострифицирам дипломатам па следуваше процедура за признавање на приправничкиот стаж, а потоа полагав државен стручен испит за доктор по медицина. Кога ги положив сите испити и ги собрав сите документи се пријавив на конкурсот. Веднаш ја добив работата, но кусо ја чекав работната дозвола, раскажува Дивна Војновска кој аи покрај одличните услови кои се нудеа во огласот за работа беше единствениот кандидат.
Вели дека ужива и ја обожува Хрватска.
-Не се плашам од досада, а веќе имам и многу пријатели во Хрватска. Сакам да шетам покрај море и ове ќе уживам во тоа. И воопшто јас сум таков човек, сакам мирен живот, а морам да истакнам и дека условите за работа кои ги добив се одлични, многу подобри од Македонија, заклучува лекарката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.