Досега имало две интервенции во градот. Главно луѓето пријавуваат паѓање на фасади, во една зграда, степениците се изрониле, пожарникарите се на лице место – рекла Кристина Икиќ Баничек, градоначалничка на Сисак, опишувајќи ја ситуацијата после земјотресот од 5 степени кој утринава ја погоди Хрватска.
Во споредба со загрепскиот потрес од март, Икиќ Баничек, вели дека ова било многу посилно.
Тогаш овде во Сисак имавме чувство дека некој лошо не ниша, ама ова беше дивјачки – рекла таа.
Пожарникарите во Сисак спасувале и еден човек после силниот потрес кој го затресел градот.
Беше страшно.Никогаш во животот немам почувствувано таков страв. Имав чувство дека тресе 10 секунди. Ми испаѓа се од полиците. Само викав од соба да проверам дали ќерка ми е добро. А ние уште и добро поминавме, не можам да замислам како им било на луѓето во Петриње – рекла Сања од Топаловци крај Сисак.
Во многу продавнции, робата испаѓала од рафотвите.
Сите работи во продавницата паднаа на под. Се чинеше дека никогаш нема да престане. Ужас. Колешката и јас брзо истрчавме надвор. Веднаш се јавивме дома, да видиме дали се сите добро – рекла за 24 часа, една продавачка.
Инаку во Заггреб нема дојава за штета, ама затоа има во Петриње.
Градоначалникот на Петриње Даринко Думбовиќ рекол дека штета во градот сепак има.
Не погоди силен потрес. Никогаш го немам ова доживеано. Не знам дали има жртва, ама материјална штета има – рекол Думбовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.