Директорот за развој на вакцини во Ковакс во САД, Арбан Доми, смета дека новата мутација на корона вирус што се прошири низ Велика Британија може да се појави и во Албанија.

При Скајп јавување во емисијата „Опинион“ на телевизија „Клан“, Доми изјави дека се уште не е познато дали вакцините ќе штитат од различни мутации на корона вирусот

Засега е непознато дали вакцината не штити и од мутираните верзии. Сигурен сум дека Фајзер и Модерна ја тестираат вакцината врз овој вирус затоа што имаат примероци и ја ставаат во контакт со новиот вирус за да видат како реагира. Бев изненаден од овој аларм во Европа, кој е вирусолошки и истражувачки безвреден. Сигурен сум дека оваа мутација ќе се прошири низ цела Европа и во Албанија. Позитивната работа е што иако е поинфективен не е променет во однос на смртноста и тежината на болеста – вели Доми.

Тој појаснува дека несаканите ефекти на вакцината против Ковид-19 се привремени и не влијаат на долгорочното здравје кај луѓето.

Несаканите ефекти на вакцината кои се забележани во САД се привремени, траат ден или половина. Постојат ефекти што се јавуваат како и кај сите вакцини кои не влијаат на долгорочното здравје – нагласува вирологот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.