Кај наплатната рампа Дољевац на автопатот Ниш-Лесковац, утрината се случи тешка сообраќајна несреќа, во која една жена загина, а 4 лица се повредени, меѓу кои и директорот на ,,Коридори Србија“, Зоран Бабиќ.
Српските медиуми јавуваат дека при влез кај наплатните куќички, поради магла и неприлагодена брзина, се судриле три возила, во едно од нив настрадала жена која седела на задното седиште и била врзана со појас.
Директорот Бабиќ има тешки повреди , со отворени скршеници по телото, јавува Танјуг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.