Специјалната известувачка на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон оцени дека е неприфатливо тоа што многумина во Косово се жалат на мешање на Србија и претседателот Александар Вучиќ во внатрешни работи на земјата, а истовремено косовскиот премиер Албин Курти гласа во соседна Албанија.
Не можам да разберам за што се работи. Од една страна сите во Косово се жалат на мешање на Србија или претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а од друга страна премиерот на Косово гласа во соседната држава. Тоа не е прифатливо. Барем не за мене – коментира фон Крамон на Твитер.
Со реакција на социјалните мрежи се огласи и поранешниот претставник на претседателот на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, кој оцени дека фактот што Курти гласаше на изборите во Албанија кажува многу за него.
Премиерот на Косово гласа на албанските избори Тоа на светот му кажува многу за Курти. Меѓународната заедница би требало да се замисли за неговите мотиви – порача Гренел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.