Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари работна посета на Република Србија, на покана на неговиот домаќин, потпретседателот на Владата и министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ.

Во таа прилика Димитров истакна: „На состанокот кажав дека имаме среќа што блискоста, врските и пријателството меѓу нашите два народи, меѓу српскиот народ и македонскиот народ е толку цврсто што повремените најдобри напори на политиката не успеваат да му направат никаква штета на тоа пријателство.

Колку повеќе работиме, а мислам дека мене како МНР тоа и ми е работата, и за прашања за кои што немаме целосно исти ставови, имаме некои недоразбирања, важно е да бидеме блиски, да се гледаме, да комуницираме и да го зацврстиме тоа пријателство.“

На средбата соговорниците ги реафирмираа заемните заложби за одржување  континуитет во градењето на добрососедските односи и нивно натамошно унапредување како придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.