Кампањата за предвремените парламентарни избори на 14-ти февруари во Косово завршува вечерва на полноќ. Партиите ги одржуваат своите последни средби со граѓаните. Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, кој има за цел да стане премиер, побара поддршка од граѓаните за да обезбеди парламентарно мнозинство. Во меѓувреме, Вјоса Османи рече дека Косово ќе стане држава од соништата за своите граѓани.
За да ја направиме промената што ја бараме, мора да го обезбедиме потребното парламентарно мнозинство затоа што не смееме да дозволиме повторување на минатогодишното сценарио“, изјави Албин Курти, кандидат на Самоопределување за премиер.
Оттука имаме порака за оние кои ја заробија земјата, отворете го патот затоа што доаѓаат промени. По 14 февруари, повторно на Косово ќе му дадеме влада на надеж, но овој пат не за 52 дена, туку за 4 години, рече Вјоса Османи, претседателски кандидат.
Кандидатот за претседател од Алијанса за Иднината на Косово, Рамуш Харадинај, го повтори фокусот на неговата партија кон следната влада.
На денешната средба во Подуево, повторив дека главната агенда на Алијансата во следната влада е растот и економскиот развој, а гаранција за ова е силна, стабилна држава и интегрирана во НАТО и ЕУ, рече Харадинај.
16 илјади пакети со гласачки ливчиња се депонирани во салата за поштенско гласање. Изборите натераа многу иселеници овој викенд да дојдат во Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.