Девојче се бори за живот откако попладнево, додека се санкала на босанксата планина Бјелашница, паднала од својата санка и удрила со главата од камен. Како што пренесува „Кликс“, девојчето од ударот изгубило светст, по што ирно била пренесена во болница во Сараево.
Докторот од Заводот за брза помош, Адем Залихиќ, за порталот изјавил дека девојчето се здобило со фрактура на черепот, имала крварење од ушите и дека останатиот дел од телото исто така е во лоша состојба.
Во моментот се уште е во операциона сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.