На Инфективната клиника во Тирана синоќа почина 52-годишна пациентка заразена од Ковид-19, со што бројот на починатите од овој новиот коронавирус во Албанија се зголеми на девет лица.

Жената е од приморскиот град Валона, а на Клиниката била хоспитализирана пред четири дена. Последните два дена била на интензивна терапија.

Соопштувајќи ја веста, Министертвото за здравство и социјална заштита изрази сочувство до семејството на пациентката и го повтори апелот до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и мерките, посебно да седат дома, ако мора да излезат да одржуваат социјална дистанца и да се јават на телефонскот број 127 доколку имаат симптоми на оваа болест.

Инаку, првата жртва од коронавирусот во Албанија беше 73-годишна жена од Драч, која почина на 11 овој месец. Другите починати од новиот коронаврус се од 43 до 85-годишна возраст.

Според официјални податоци досега во Албанија Ковид-19 е дијагностициран кај 186 лица, од четири деца.

Успешно излекуван е 31 пациент, а 77 се хоспитализрани во Инфективната клиника во Тирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.