Изминатото деноноќие во Косово се регистрирани девет смртни случаи на лица заразени од корона вирус, со што бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 достигна до 697.
Во соопштението на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) се наведува дека, од вчера извршените 1.374 тестови со методот РТ-ПЦР (97.148 вкупно досега), позитивни на корона вирус биле 486 лица.
Вклучувајќи ги новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 20.655. Од нив болеста досега ја совладале 15.641 лице, а во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 30 пациенти.
Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 4.317 активни случаи.
Откако минатите десетина дена беше забележано видно зголемување на бројките на заразени од корона вирус, од денеска во Косово стапија во сила нови, заострени, мерки за спречување на ширењето на епидемијата.
Меѓу другото, се забранува работата на трговските центри и на угостителските објекти од 21 до пет часот, се редуцира персоналот во јавните и приватните претпријатија, освен во безбедносните и здравствените институции, додека наставата на државните и приватните универзитети ќе се изведува исклучиво онлајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.