Хрватската полиција утрoво пронашла седумчлено семејство од Иран и двајца Ирачани заробени во дрвен сандак во камион со полски регистарски таблички на автопатот А1.

Странските државјани биле пронајдени при контрола на товарното возило. Сандакот, во кој имало тројца мажи, две жени и четворица малолетници, бил затворен со шрафови, а од него се слушале гласови, пренесува Индекс.хр.

Полицијата утврдила дека сите нелегално ја преминале државната граница. Седумчленото семејство од Иран побарало меѓународна заштита, додека двајца државјани на Ирак ја одбиле оваа можност и се сместени во Транзитно-прифатниот центар за странци во Товарник до завршување на постапката за реадмисија, односно постапката за нивно враќање во земјата од која потекнуваат.

Возачот на возилото, 21-годишен државјанин на Украина, е уапсен под сомнение за незаконски влез, движење и престој во Република Хрватска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.