Девојчето Х.Т.(4) кое вчера се удави во базенот во дворот на семејната куќа во селото Омољица, за време на играта упаднало во базенот кој е длабок 65 сантиметри.
Во моментот на трагедијата, во дворот биле родителите на детето, кои го барале.
Како што пишуваат српските медиуми, девојчето цело утро си играло во дворот и околу базенот, во кој го полнела пиштолот на вода, но не се бањала.
Родителите забележале дека детето исчезнало, па почнале да го бараат, но за жал членовите на семејството набрзо го нашле во базенот.
На местото на несреќата набрзо стигнала екипата на Брза помош и лекарите се обиделе да го реанимираат девојчето, но и немало спас. Телото на детето е испратено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.