Градските власти во Загреб денеска објавија дека со коронавирус е заразено дете кое одело во градинка, јавува порталот „Индекс“.
Поради тоа, одлучено е градинката да не работи во наредните 14 дена, а 119 дечиња да се стават во самоизолација. Истата мерка ќе важи и за 16 вработени во градинката. Во тек е информирањето на родителите за ова и за мерките кои се должни да ги преземат.
Од понеделник и Хрватска ќе ги затвори градинките, училиштата и факултети, објави премиерот Андреј Пленковиќ.
Мерката ќе биде на сила две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.