13-годишно момче починало откако испило енергетски пијалак, пишува Вечерњи лист. Немилиот настан се случил пред седетина дена во Загреб, пренесува весникот.
Момчето тој ден отишло во кино со неговите пријатели, по што се тркале околу зградата во која живеат кога момчето во еден момент паднало како покосено. Со брза помош било пренесено во Клиничкиот центар Ребро, но обидите за реанимација билебезуспешни, пренесува Вечерњи лист.
Ултразвукот на срцето покажал непрепознаена миокардиопатија, оштетување на срцевиот мускул.
Момчето наводно испило поголемо количество енергетски пијалок во кино. Според неофицијални информации, не е можно со сигурност да се утврди дали големото количество кофеин и таурин од пијалокот предизвикало смрт.
Општо земено, покрај шеќерот, кој не е добар, проблематичните состојки на енергетски пијалоци за деца, кои можат да предизвикаат токсичност, се кофеин, таурин и Л-карнитин. Прекумерните дози на овие состојки можат да предизвикаат несакани ефекти или може да бидат токсични за младите, вели за Вечерњи лист д-р Филип Рубиќ, педијатар со специјализација во медицина за интензивна нега од Одделот за детска интензивна медицина, при Универзитетскиот болнички центар Загреб, повикувајќи се на студија објавена во Педијатрија.
Стимулирачките состојки на енергетските пијалоци доведуваат до забрзување на срцевиот ритам, а тоа може да има последици за целиот организам.
Енергетските пијалоци се надворешен стимул што доведува до зголемен ритам на срцето и кога тој срцев ритам ќе се достигне вештачки, телото нема да може да се смири. И овој зголемен ритам на срцето кај кардиопатијата може да биде фатален, опишува д-р Рубиќ.
Човечката реакција на вирус може да доведе до оштетување на срцевиот мускул, што може да нема никакви симптоми и да остане непрепознаено.
До одредена точка нема симптоми, а еден ден подоцна може да се најдете на интензивна нега на апарати за одржување на животот и лекови. Енергетски пијалок може да биде предизвикувач за таа ситуација, вели лекарот.
Според проценките на Светската здравствена организација, 68 проценти од адолесцентите и 18 проценти од децата редовно конзумираатенергетски пијалаци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.