Македонски возач загина, а десетиа патници се повредени во судар на камион и автобус што се случил на автопатот А3 меѓу Новска и Окучан во Хрвтаска. Двајца од повредените се задржани на лекување. Камионот бил со македонски регистарски таблички, а автобусот со таблички од Босна и Херцеговина.
Сообраќајната несреќа се случила на дел од автопатот каде што сообраќајот бил успорен поради претходно случена сообраќајака. Првичните информации говорат дека камионот се забил во задниот дел на автобусот, којшто нагло закочил поради претходната несреќа. Ударот бил таков што камионџијата загинал на лице место.
Во нашата болница се донесени осум патници од автобусот. Едно лице има тешки телесни повреди, а една жена е задржана на поната,ошно надгледување. Останатите патници се пуштени на домашно лекување – изјавиул управителот на болницата во Нова Градишка, д-р Јосип Колоџеј.
Како што пишуваат хрватските медиуми, во автобусот се превезувале босански работници, коишто од БиХ патувале кон Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.