Четири лица загинаа, а две беа ранети во вооружен судир на плажата „пулај“ во ова познато тристичко место во северниот дел на Албанија.
Причината за вооружениот конфликт е поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг, изјави директорот на полицијата во Скадар, Нико Брахимај, на местото на настанот два часа по масакрот.
Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, двајца од нив се браќа. Повредените се на 17 и 54-годишна возраст.
Во Велипија веднаш пристигнале припадниците на специјалната единица и екипи за увид.
Настанот, според албанските медиуми негативно влијае врз угледот на Албанија, токму на почетокот на туристичката сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.