Во бункерот на криминалната група предводена од Вељко Беливук и Марко Миjковиќ, што се наоѓал на стадионот на Партизан во Белград, е извршено најмалку едно брутално убиство, покажала истрагата.
Во тек се испитувањата за злостроството извршено во овие простории, а се работи и на идентификација на жртвата.
Како што објавуваат српските медиуми, за време на повеќедневната истрага, полицијата открила траги од крв, но и остатоци од коски од череп.
Истражителите од семејствата на исчезнатите, околу десет од нив, зеле биолошки примерок за споредба со најдените ДНК траги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.