Десетмесечно бебе почина во Црна Гора како последица на проблеми настанати од вирусот на грип од типот А. Машкото дете било примено на Институтот за детски болести на Клиничкиот центар во Подгорица со сериозни респираторни проблеми и починало синоќа, потврдуваат од болницата.
Претходно почина 2,5-годишно дете од Улцин, како што се сомневаат, исто така од вирусот на грип од типот А. Според неофицијалните сознанија, Вишото државно обвинителство покренало истрага за овој слуачј.
Двете деца не се вакцинирани против сезонски грип бидејќи според препораките не спаѓаат во ризините групи, се наведува во соопштението на Клиничкиот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.