Косовските власти ги забранија сите форми на коцкање за период од десет години, по убиството на двајца вработени во казино минатата недела.

„Нема да дозволиме овие простории да бидат арени на криминал во кои се одземаат човечки животи“, изјави косовскиот премиер“, Рамуш Харадинај, а пренесе „Еуроњуз“.

Харадинај предложи закон за забрана на коцкање по двата смртни случаи, а пратениците го усвоија во четвртокот (28 март).

Законот стапи на сила на првиот ден од месец април.

„Еуроњуз“ пишува дека коцкањето станало голем проблем во Косово, една од најсиромашните земји во Европа каде што невработеноста е околу една третина од работоспособното население.

Индустријата брзо се зголемила во текот на последната деценија и досега во неа беа вработени околу 4.000 луѓе. Многумина од нив стравуваат за своите работни места по најновата забрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.