Во Хрватска на полноќ стапија на сила новите мерки на Штабот за цивилна заштита, кои се однесуваат на намалување на бројот на купувачи и посетители во продавниците и трговските центри.
Според новите правила, продавниците што имаат простор до 10 метри квадратни можат да имаат по еден клиент, додека продавниците од 11 до 100 метри квадратни метри мора да обезбедат најмалку десет метри квадратни за секој клиент.
Продавниците до 200 метри квадратни за секој клиент мора да обезбедат 12 метри квадратни, оние до 2.000 – 16 метри квадратни, а оние поголеми од 2.000 мора да обезбедат 20 метри квадратни за секој клиент.
Трговските центри треба да имаат за секој клиент најмалку 16 метри квадратни.
Продавниците и трговските центри се должни на влезот јасно да прикажат известување за максималниот дозволен број клиенти и строго да се придржуваат до овие ограничувања.
Трговските центри ќе мора да го оневозможат седењето во заеднички простории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.