Премиерот Зоран Заев денеска во Софија ќе учествува на Самитот за Западен Балкан, што се организира во рамки на Берлинскиот процес со кој копретседаваат Македонија и Бугарија, потврдија за МИА од Владата.

На Самитот ќе учествуваат лидерите на земјите од Западниот Балкан, шефови на држави или влади на членките на ЕУ, меѓу кои и бугарскиот премиер Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел, како иницијатор на Берлинскиот процес, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Предвидено е земјите од Западен Балкан на Самитот да усвојат Акциски план за Заеднички регионален пазар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.