Пред неколку часа почина првиот маж од коронавирусот во Кикинда, Србија, кој имал 59 години, соопштено е на конференција во српската влада.

Тоа го соопштила премиерката Брнабиќ и рекла и дека синот на мажот кој починал е во тешка состојба.

Коронавирусот секако не е единствената болест со која се борел овој човек. Строго да ги почитуаме мерките за самоизолација бидејќи тоа е единствената шанса луѓето да се изборат и заедно да го победиме вирусот – рекла Брнабиќ.

Таа дополнила дека Владата додатно ќе ги заостри мерките за забрана за движење.

Од утре престанува јавниот превоз со работа, а од недела ги затвораме рестораните, кафулињата и трговски центри. Во овој момент опасноста е голема, притисокот на медицинските работници е голем – рекла Брнабиќ.

Премиерката рекла дека сите имаат иста обврска, а тоа е да се придржуваат до тоа што го кажуваат експертите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.