Ги продлабочуваме односите со Македонија, но нема да толерираме појави на нецелосно усогласување и правилно толкување на договореното, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас во неговото обраќање во грчкиот Парламент, за време на расправата за буџетот за следната година, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија говореше за сите аспекти на надворешната политика на Грција, а во однос на Балканот истакна дека земјата одново се поставува како силна и стабилна европска земја и како столб на стабилност.
Практично ја поддржуваме интегративната перспектива на земјите од Западен Балкан, како главна оска на нашата политика. Ги продлабочуваме односите со Македонија, во рамките на заемно корисната соработка, но имајќи јасно поставено на знаење дека нема да толерираме појави на нецелосно усогласување и правилно толкување на договореното, рече Дендијас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.