Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, била една од темите за кои разговарале шефовите на грчката и бугарската дипломатија, Никос Дендијас и Екатерина Захариева, во нивниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.
Во пресрет на Самитот на ЕУ следната седмица, министерот за надворешни работи на Грција изминативе денови е во континуирани контакти со неговите европски колеги, а телефонските разговори, од грчкото МНР, но и самиот Дендијас, ги соопштуваат преку „Твитер“.
Телефонски разговарав со заменик- претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во пресрет на Самитот за надворешни работи на ЕУ и Европскиот совет. Детална дискусија за последните случувања во Источниот Медитеран и поширокиот регион. Ви фокусот, исто така и ЕУ перспективата на Западен Балкан, напиша Дендијас на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.