Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ ја поддржа иницијативата „Хрватки сојуз за недела“ според која недела треба да биде неработен ден за сите.

Во соопштението од Канибетот на Грабар-Китаровиќ се наведува дека таа најавила оти „лично ќе побара од ресорните министерства да го разгледаат овој предлог и донесување соодветни правни решенија“.

Претставниците на тој сојуз сметаат дека недела е ден за семејството, што е најголема причина за воведување слободен ден.

Според истражувањето спроведено минатата година, 50 отсто од вработените во Хрватска работат прекувремено, а најголем проблем е регистриран во секторот трговија, каде што поголем број од вработените се жени кои непрекинато работат и по неколку недели без ден за одмор и за минимална плата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.