Поради зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Албанија, затворени се судовите во градовите Круја и Драч, а до следниот четврток е затворен и судот во Тирана.

Епидемијата затвори и градинки во неколку градови, а има заразени и во општинските администрации, училиштата, како и во Владата и парламентот.

Во меѓувреме, во последните 24 часа е забележан нов негативен рекорд на заразени, како и на хоспитализирани со Ковид-19.

Продолжува трендот на високи бројки на новоразарени. Во последните 24 часа тестирани се 1.725 сомнителни случаи, а вирусот е дијагностциран кај 396 од нив, што е 23 отсто од тестираните. Тоа е највисока бројка на заразени во едно деноноќие досега. Истовремено, во списокот на оздравени се внесени 105 лица, додека починаа четворица пациенти – информираа од Министертвото за здравство и социјална политика.

Од министерството додаваат дека расте и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во трите ковид болници хоспитализирани се 338 лица.

До сега во Албанија се направени 131.547 тестови, а позитивен резултат е добиен кај 22.300. Оздравеле 11.578, додека починале 536 лица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.