Ти може да не си ја сакаш мајка ти, со овие зборови вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, му се обрати на анонимен граѓанин, кој во јавноста побара негова оставка.

Ова може да се види од видеото направено со телефон, кое сè повеќе добива на популарност на Фејсбук.

На 102-от ден од почетокот на антивладините протести, се водел следниот дијалог помеѓу човек присутен на плоштадот Национално собрание и вицепремиерот:

Вие и вашата влада сте срамота за Бугарија, вие само ја продавате Бугарија, грабате, крадете. Не се срамиш? Доста е од овие помпезни ветувања, лаги, време е да си дадете оставка, народот не ве сака, му довикува на Каракачанов граѓанин од толпата.

На ова вицепремиерот Каракачанов прашува: Кој народ? Вие ли сте народ? На што граѓанинот му одговора: Јас сум народот, јас лично не ве сакам!

Ти може да не си ја сакаш мајка ти, но тоа е твоја работа, одговара Каракачанов.

На ова грашанинот му дофрлува: Вие сте срам за бугарската армија, срам! Зарем не ви е непријатно на празникот? Во чие име зборуваш?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.