Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вонредната пресконференција посочи дека лидерот на опозицискиот Сојуз за Србија Драган Ѓилас и насобраните ја пробиле оградата која е поставена пред Претседателството на Србија. Тој нагласи дека Србија нема да дозволи со насилство било кој да биде загрозен.
Вучиќ истакна дека не се плаши да држи прес-конференција во вакви услови, нагласувајќи дека „страв не смее да постои од хулиганот и фашистот Бошко Обрадовиќ и тајкунските лидери Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ“.
– Мислеа дека нема да смеам да дојдам овде. Јас немам страв. Можам да го загубам само животот. Ќе продолжам да се борам за Србија и тоа нема ништо поважно, изјави Вучиќ на прес-конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.