Српскиот политичар Чеда Јовановиќ заврши во полиција откако синоќа демолираше сендвичара. Тој дошол да им купи хамбургери на децата и одеднаш почнал да се однесува неконтролирано зел столица и почнал да фрла по објектот.

За кратко време дошла полицијата но тој почнал да го удира и полициското возило. Веднаш бил приведен и во станица дал исказ дека бил испровоциран од навивачите на Црвена Звезда.

Чедомир Јовановиќ е еден од најконтрозерзните српски политичари од времето на Зоран Ѓинќиќ а пред две години се споменуваше како советник на премиерот Заев. Сепак по реакциите на јавноста тој се откажа да го анжажира.

фото Курир.рс


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.