Најголемата опозициска партија во косовското Собрание, Демократската партија на Косово (ПДК), денеска ќе одржи конвенција, на која треба да го избере новиот партиски лидер.

Во рокот определен при распишувањето на изборот, до четвтртокот во 17 часот, кандидатурата за претседател на партијата ја истакна единствено членот на тесното партиско раководство, 41-годишниот Мемли Красниќи.

Досегашниот вршител на должноста претседател на ПДК, Енвер Хоџај пред два дена на прес-конференција објави дека нема да се кандидира за челната партиска функција.

Конвенцијата, која ќе почне 9.30 часот во Приштина, е поделена на два дела, од кои првиот, кој што ќе можат да го проследат и медиумите, ќе биде церемонијален, а вториот работен и затворен за јавноста.

Двајцата претходни водачи на ПДК, поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е и основач на партијата и неговиот наследник, поранешниот спикер на Собранието на Косово, Кадри Весели, од минатата есен се наоѓаат во притвор во Хаг, каде што, како на водачи на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), им се суди пред Меѓународниот суд за воени злосторствва во Косово во војната од 1998-99 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.