Во Хрватска е регистриран првиот случај на делта плус сојот на корона вирусот, потврди за ХРТ, Ивана Павиќ Шиметин, заменик директор на Хрватскиот институт за јавно здравје

„Во Чаковец е евидентиран првиот случај на сојот делта плус. Знаевме дека е на врата. Од искуството со делта и алфа сојот ќе се види колку е опасно. Она што досега се знае е дека е позаразен од делта сојот“, рече таа.

„Токму помалиот дел од вакцинирани луѓе е погоден за ширење на овие нови соеви“, додаде таа, потврдувајќи дека новите епидемиолошки мерки ќе се дознаат денеска на седница на Националниот штаб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.