Навивачите на Црвена звезда веднаш по натпреварот од Евролигата во кој нивниот тим го декласира Баерн, од „Штарк“ Арената се упатија на протест пред амбасадата на Црна Гора.

Тие го запалија знамето на Црна Гора кое се вееше пред Амбасадата на улицата “Кнез Михајлова“ и притоа скандираа „Црна Гора и Србија се една фамилија“.

„Делиите“ излегоа на протест за да искажат револт кон новодосениот закон за верски слободи во Црна Гора, а а воедно и да искажат поддршка на српското население кое живее во оваа држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.