Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов, на Фејсбук напиша дека неговата партија ВМРО сака да го купи споменикот на Борис Сарафов, кој повеќе од четири години е отстранет од пред зградата на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Ваквата негова реакција следува откако Град Скопје даде предлог да го врати старото име на улицата „Борис Сарафов“, односно да ја именува повторно во „4 Јули“.

Каракачанов додава дека Сарафов бил бугарски офицер и еден од водачите на Илинденското востание.

Откако неговиот споменик беше тивко отстранет пред извесно време, ова е втор јасен гест од владејачките власти во Македонија. Каква друга причина би имале да се срамат од Сарафов освен што е Бугарин? Уште еднаш апелирам до надлежните во Скопје: ВМРО-БНД е подготвена да го купи отстранетиот споменик на Борис Сарафов, кој до неодамна чекаше во дворот на леарницата во градот да се стопи како старо железо. Интересно е, сепак, зошто се менува името на улицата Борис Сарафов. Оваа улица нема да го носи името на револуционерот, кој заедно со Анастас Лозанчев и Даме Груев беше во седиштето на Илинденското востание. Па, нема сомнеж дека Борис Сарафов е Бугарин. Неговата единствена ‘вина‘ за оние во Скопје очигледно е дека тој е Бугарин и дека е офицер во бугарската армија. Исто така, да ги потсетам дека заедно со Гоце Делчев, Борис Сарафов дипломирал на бугарско воено училиште во Софија. Едниот го прогласувате за Македонец, а демонстративно го исфрлате неговиот брат Борис Сарафов од вашата историја, напиша Каракачанов.

Споменикот на Борис Сарафов беше висок пет метри и стоеше на триметарски постамент, пред да биде беше тргнат од пред МНР на 10 декември 2016 година. Тогаш од Град Скопје не кажаа зошто се трга споменикот и каде ќе се носи. Од Град Скопје рекоа дека во документите нема никакви податоци каде е однесен споменикот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.