44-годишниот Енедин Т. е осомничен дека вчера ја убил својата поранешна сопруга, нејзините родители и го ранил брат ѝ во селото Расно, кај Сјеница.

Убиени се 64-годишниот Фехим Ш., 60-годишната Шефка Ш., 44-годишната Бисера Ш., а ранет е  35-годишниот Беким Ш., додека уште двајца роднини кои биле во куќата за време на убиството, Зинета А. и Невзат А. се исто така ранети.

-Сопругата на Беким се породи пред пет дена. Прославуваа раѓање на детето, кога се случи ова. Инаку, Беким работел едно време во Германија, иузградил куќа во која живеел со семејството. Многу добар човек е тој, но и неговата сопруга. Не знам што му било на зетот за вакво нешто да направи – раскажал еден од познаниците на ова семејство.

Да биде уште потрагично, ова морничаво злосторство се одиграло пред очите на децата, на покојната Бисера Ш. и Енедин Т., кои играле во другата соба.

-Децата беа во другата соба, не знам кое уште од сесодските деца беше со нив. Но, страшно е што тие сето тоа го видоа и случнаа – навела една роднина на семејството.

Оваа наизглед среќна прослава поради приновата се претворила во трагедија која сите ќе ја паметат до крајот на животот. Бисера и Енедин биле во брак, живееле во Германија. Меѓутоа, кога се разделиле, таа се вратила во својот роден крај и продолжила со живот со своите родители, кои исто така биле убиени вчера.

Неколку моменти после злосторството, во семејната куќа дошол еден роднина на семејството и ги затекнал жртвите, а убиецот наводно го видел како заминал со моторна санка.

-Поради преголемиот снег најверојатно му било полесно со моторна санка да дојде за побрзо да избега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.