Јелена Ш. (25) е уапсена заради сомневање дека ја убила Мајда Гаровиќ (81) од Земун, а потоа со соучесникот Момчило Д. (21), кој исто така е уапсен, нејзиното тело го однела до Крчедин, го фрлила во контејнер и го запалила.
Како што неофицијално дознава Курир.рс, при истрагата наводно е откриено дека убиецот ја познавал жртвата односно дека биле сосетки, а дека помагач и бил брат ѝ. Се претпоставува дека убијци на несреќната жена се деца на еден политичар од десницата, односно Саша Дујовиќ, поранешен пратеник и втор човек на партијата „Српска десница“.
Полицијата работи на случајот и се очекува повеќе детали за бруталното убиство да бидат познати по истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.