Португалија ги поздравува и се восхитува на напорите за дијалог меѓу Бугарија и Македонија. Ги поддржуваме конкретните чекори за поддршка на дијалогот, а кревањето врева не помага, туку одмага, изјави днеска португалскиот претседател Марсело де Соуза, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.
Постојат европски земји со различни позиции по прашањето за проширувањето на ЕУ. Португалија има принципиелен став – го поддржува проширувањето на ЕУ и не сака да има предрасуди за тоа прашање. Во однос на Западен Балкан, ние ја знаеме историјата, географијата, знаеме дека прашањата се чувствителни, не само за земјите членки на ЕУ, туку и за земјите кои сакаат да и се приклучат, изјави Де Соуза на зедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија
Тој порача дека од најголем важност е да се отвораат патеки преку кои ќе се надминуваат разликите.
Позицијата на Португалија е за постојан дијалог, разбирање, разбирање на проблемите на другиот, без предрасуди или комплекси за проширувањето на ЕУ, рече португалскиот претседател Де Соуза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.