Данска ќе изнајми затворски ќелии во Косово, каде што ќе испрати 300 затвореници, соопшти данската Влада, презентирајќи нов план за запирање на пренатрупаноста во затворите.
Проектот предвидува да се изнајмат 300 затворски места во Косово за да можат странците осудени на депортација да бидат испратени во Данска по отслужување на казната – се наведува во соопштението на данското Министерство за правда.
Во 2020 година, околу 350 затвореници во данските затвори требаше да бидат протерани на крајот на казната.
Проектот исто така предвидува да го зголеми капацитетот на данскиот затворски систем за 326 места во периодот од 2022 до 2025 година.
Од 2015 година, бројот на затвореници во Данска се зголемил за 19 проценти, на повеќе од 4.000 луѓе на почетокот на 2021 година, што претставува стапка на пополнетост над 100 проценти. Во истиот период, бројот на чувари се намалил за 18 отсто во земја со 5,8 милиони жители, позната по отворените затвори резервирани за осуденици кои отслужуваат казни помали од пет години.
Според Светската статистика на затворите (WBP), составена од Британскиот истражувачки институт за криминална и судска политика, во Косово во 2020 година, 1.642 лица биле во затворите, со стапка на зафатеност од 97 проценти. Норвешка и Белгија веќе изнајмија ќелии во Холандија, каде што испраќаат затвореници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.