Албанската Влада побарала помош од НАТО за справување со ситуацијата создадена од „Ковид-19“. Ова го потврди премиерот Еди Рама,гостувајќи во емисијата „Топ Талк“ на телевизија Топ чанел,додавајќи дека „барањето е направено исто како и другите земји“.

-Ние ја направивме истата постапка, но не знам зошто не стана вест, но тоа не е наша работа. Ние ја следевме процедурата што ја следеа и други земји,рече Рама.

На прашањето дали има одговор од страна на НАТО вели дека не е информиран.

-Не сум информиран дали има одговор,но ако имаше ќе бев информиран. Уште еднаш да не создадеме илузии,зашто многумина велат „им даде пари Европа“, но тие пари не пристигнуваат со куфери,рече Рама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.