Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти „има своја динамика, агенда и политички преживува врз основа на инциденти“.
Дачиќ истакна дека е добро што спорот околу регистарските таблички „се вратил во дијалог“.
Курти постојано планира еднострани акции. Мораме да задржиме ладна глава и способност да не реагираме како што прво ни паѓа на ум во такви ситуации, односно емотивно – изјави Дачиќ за ТВ Хепи.
Дачиќ посочи дека во Србија „има луѓе кои се обидуваат да се занимаваат со политика и постојано ги поттикнуваат и подучуваат луѓето на власт, пред се Александар Вучиќ, со идеи во стилот на она „што чекате, зошто војската не влегува во Косово, што ова, што тоа“, заедно со тезата „Русија ќе ни помогне“.
Можам да кажам една сигурна работа – никаква воена помош нема да има. Тоа никогаш не се случило и никогаш нема да се случи. Тоа не е реално. Можеме да имаме голема политичка поддршка, но не е реално дека некој воено ќе се ангажира – изјави Дачиќ.
Тој додаде дека за „некој воено да се ангажира, мора да дојде до вас“.
Па, ние не можевме да донесеме некои работи што ги купивме, бидејќи нема да ни дадат дозвола за прелети или превоз на оружје – изјави Дачиќ.
Зборувајќи за воената акција, тој оцени дека тоа е „крајно решение за не дај Боже, доколку се направи обид за погром на Србите или воено освојување на северот на Косово“.
Дачиќ оцени дека Курти „во моментов ги иритира сите во Европската Унија“ и порача да не се „двоумат да му ги истегнат ушите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.