Србија сака добри, пријателски и сојузнички односи со Бугарија како соседна држава, што претпочита и високо ниво на разбирање за најважните интереси на двете држави и двата народа, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, по недоразбирањето со бугарскиот премиер Бојко Борисов околу шпанскиот став за Косово.

Како што јавуваат српските медиуми, Дачиќ го повикал на разговор бугарскиот амбасадор во Белград.

Како што имаме разбирање за прашањето околу бугарскиот национален идентитет, јазик или за Гоце Делчев, така очекуваме и разбирање за значењето на косовското прашање за српскиот народ. Таа изјава на бугарскиот премиер не се однесува на квоти за риболов или за квалитетот на српското сирење во преговорите со ЕУ, туку за територијалната целовитост на Србија, изјави Дачиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.