Епидемиологот Предраг Кон од Кризниот штаб на Србија смета дека значително подобрување на епидемиолошката ситуација во Србија не може да се очекува сè додека не се воведат нови строги рестриктивни мерки и се зголеми опфатот на вакцинацијата, зотшо самите ковид-пропусници не решаваат ништо

Стоиме на стабилно високо ниво и не се гледа тренд на опаѓање. Затоа сметаме дека е неопходно затворање на 10 дена на сè освен на тоа што е неопходно за животните потреби, а апсолутниот минимум за да може да се очекува сериозно делување на мерките е ковид-пропусниците да важат 24 часа, вели тој за „Блиц“

Прашан како е можно и покрај вакцинацијата бројот на починати претходните денови да е речиси идентичен како минатиот декември кога немало вакцини, Кон вели дека две дози вакцина не се доволни”, и додава дека, тоа се сфатило во јуни на основа на податоците од Израел.

Две дози не беа доволни да се спречи инфекцијата, да дојде до заразувања па и да се спречи можност за пренесување меѓу оние кои се вакцинирани. Така, го дочекавме овој вирус со целосно раширени раце, не почитувајќи никакви мерки преку летото, што доведе до зголемување на неговата сила, потенцијал, вели српскиот епидемиолог.

Кон вели дека е голема работа тоа што СПЦ се огласила и препорачала славите да се одвиваат во кругот на семејството.

Што се однесува до дочекот на Нова година, ако заживеат ковид-пропусниците ќе зборуваме и за такви можности. Меѓутоа, бидејќи ние сме познати како луѓе кои не почитуваат мерки, односно единствената мерка која ја разбираме е целосна забрана, ќе видиме што ќе биде на крајот. Се надевам дека тоа ќе се измени, објаснува Кон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.