Поедини припадници на навивачката група Принципи кои ги предводи уапсениот Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља се закануваат на уапсените членови на криминалната група, нивните семејства, ама и на други со кои Невоља имал некоја врска, за неговите злосторства да не проговорат ниту збор. Дали оваа „акција“ ја спроведуваат по налог на самиот Невоља или на своја рака, засега не е познато.
На овој начин најверните војници на Невоља сакаат да осигураат дека полицијата нема да дојде до нови сознанија за работите на криминалниот клан.
Со заканите започнале откако во јавноста почна да се зборува дека на некои уапсени членови на кланот на Невоља им е понудено да бидат сведоци соработници како би откриле се за морничавите злосторства на оваа група. За да спречат некој да проговори, војниците на Веља, кои се уште се на слобода, почнале да се закануваат на семејства на уапсените и преку нив да праќаат пораки да не им падне на памет да пропеат.
Ова ја отежнува работата на полицијата и собирање на нови информации за злосторствата за кои се осомничени уапсените членови на кланот. На нивен товар засега се става дилување дрога, мачење, грабнувања и најмалку 3 свирепи злосторства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.