Српскиот доктор Бранимир Несторовиќ, кој често ја изненадуваше јавноста со неговите изјави од почетокот на пандемијата, предизвика големо влијание со своето гостување во емисијата „Ќирилица“ на Хепи телевизија.

Д-р Несторовиќ вомоваа емисија изјави дека во моментов има поголема веројатност луѓето да починат од тумор, отколку од корона вирусот.

Во денешно време луѓето се под стрес, а тоа многу влијае на имунитетот, организмот слабее. Сепак, вирусот не е единственото нешто од што може да заболите, би рекол дека поголема е можноста сега да се добие рак. Статистиката вели дека оваа година 200.000 луѓе помалку починале од рак. Интересно е што таа бројка влегла во статистиката за лицата што починале од корона, така што починатите со малигнитет кои заболеле од корона се сметаат за починати од Ковид-19 – изјави Несторовиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.