Главниот здравствен инспектор на Бугарија Ангел Кунчев во интрвју за бугарското радио „Дарик“ рече има податоци дека три деца во Банско заболеле од морбили веројатно од вирусот увезен од Македонија.
Тој соопшти дека во Бугарија има регистрирано 21 случај со морбили, од кои 18 деца се заразиле во болница во градот Разлог, а вирусот го примиле од заразено дете.
Кунчев наведе дека последната бројка од 21 заболен, меѓу кои 17 деца, се должи на пренесување на морбили од Македонија при контакт во Банско и Разлог.
Заболувањара се најверојатно при контакт со некој од Македонија, каде што неодамна починаа три деца. Во Банско ни е познат преносителот, додека за Разлог не е познато, но таму има детски оделенија и најверојатно тука се случило заразувањето. Доволно е да се разминете со некој заболен низ ходник и да ја прифатите болеста – рече Кунчев.
Тој верува дека нема да дојде до прогласување на епидемија и дека морбилите ќе се ограничат на инцидентни случаи во градинките, јаслите и училишните оделенија.
Во Бугарија процентот на имунизација против морбилите е далеку помал од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.