Српскиот епидемиолог, Предраг Кон, изјави дека состојбата со бројот на заразени со Ковид-19 во Белград е критична.
Во изјава за српски медиуми, д-р Кон предупреди мора да се спречи понатамошно пренесување за да се зачува здравиот систем.
На прашањето дали се разгледува затворањето на државата, што е чекор за кој во овој момент се одлучија многу европски земји, тој рече дека може да се изврши одреден вид затворање и дека се забранети одредени работи, но дека ќе биде дефинирано и можно ограничување на движењето на некој друг начин отколку во почетокот на епидемијата, кога беше воведен „полициски час“.
Д-р Кон додаде дека во моментов има големо присуство на респираторни инфекции, особено кај децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.