Иако го очекувавме есенва, четвртиот бран на коронавирусот во Србија практички веќе е почнат, а прашање е само со колкав интензитет ќе биде и колку ќе трае, смета епидемиологот д-р Предраг Кон.
Јасно може да се види што нè очекува на примерите на Велика Британија и Израел, стапката на репродукција јасно покажува дека бројот на заразени се зголемува од недела во недела, тоа ќе се случи и кај нас, бројот ќе се зголемува во зависност од нашето однесување, рече д-р Кон во гостување на телевизијата Нова С.
Според него силината на бранот ќе зависи од однесувањето на граѓаните.
Во следните два месеци ќе имаме бран, прашање е само колку нагло ќе биде искачувањето. Меѓутоа јасно е дека го поминавме прагот, треба да се навикнеме на трицифрени бројки, се надевам само дека нема да бидат четирицифрени Колку што се однесуваме поопуштено, брзината на раст ќе биде сè поголема и сè побрза. Значи брзо ќе расте бројот на новозаразени. Во таков случај за шест недели очекувам максимум, а вкупно овој бран би траел и подолго бидејќи треба време за да се спушти кривата, додаде епидемиологот.
Кон смета дека во текот на летото не би требало да има заострување на мерките.
Некои нови мерки летово не очекувам. Потсетувам, дозволени се собирања до 500 луѓе, а за сè останато треба дозвола. Тоа не може да се забрани, има голема потреба за забава, музика, тука има и егзистенцијални потреби. Ќе мора да следиме и да ги видиме последиците, секој масовен собир е ризик, за невакцинираните тој е неприфатлив, за нив ризикот е 30 пати поголем. Слично е и со свадбите и со другите забави во цела Србија, вели Предраг Кон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.