Мерките за носење на маски можат да почнат да се применуваат веднаш, а не да се чека петок. Би требало уште од сега да ги очекуваме резултатите. Белград во овој момент е доминантна потенцијална бомба, предупреди денеска српскиот епидемиолог д-р Предраг Кон.

Според нeго, нема веќе простор за заострување на мерките, освен воведување на вонредна состојба.

– Во Белград на 13 јули се јавија 13.433 лица со симптоми на респираторна инфекција, прегледани се 2.863, а земени се 1.444 брисеви. Секој трети кој беше сомнителен на крајот излезе дека бил заразен, истакна Кон, гостувајќи во емисијата „Фокус“.

– Главната мерка е дека нема претстави, кина, свадби, роденденски прослави. Се тоа опфативме со една мерка, нема ноќни собири, рекол тој и додал дека не може да се очекува некој да работи против себеси.

Тој потсетил дека и претходно имало препорака за носење маски, и дека било постепено воведување на сегашната ситуација.

– Со носењето на маските ќе помогнеме не само на самите себеси, туку и на здравствените работници, нагласи Кон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.