Морам да кажам дека медицинскиот дел од Кризниот штаб имаше јасен став дека сè треба да се затвори најмалку 14 дена со цел да се намали нивото на активност на вирусот, но имаме т.н. економски диктат. Јас би рекол дека ова  продолжување на мерките е со некои корекции, рече епидемиологот д-р Предраг Кон.

Зборувајќи за епидемиолошките мерки, здравството и економијата, д-р Кон рече дека за два дена пристигнале 85 барања за изземање и дека тие сè уште пристигнуваат.

Кога ќе добиете информација дека спроведувањето на ваквите мерки е крајно тешко, скоро невозможно за економијата, или ќе прифатите такво нешто или ќе се свртите и ќе заминете. Во такви околности, се бараат мерки што ќе спречат пренесување на вирусот – рече тој.

Тој исто така посочува дека мерките се засилени.

Сега се девет квадратни метри по лице. Треба да има ковид- редар, задолжителна маска и засилена инспекција. Најважно е луѓето да знаат да се заштитат на тој начин – објаснува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.