Сите пациенти се во стабилна состојба, на сите им се направени оперативни зафати вчера. Двајца од пациентите ќе бидат оперирани и денеска, кажа доктор Маја Аргирова од Клиниката за хирургија во „Пирогов“ , Бугарија денеска на прес конференција посочувајќи дека сите повредени пациенти од вчерашната несреќа се во добра здравствена состојба.
Таа посочи дека едниот пациент кој треба да се оперира има изгореници на рацете, а другиот пациент е млада девојка на која и е потребна операција на коленото.
Вчера е направена операција на левото колено, денеска ќе биде направена на десното, 6 пациенти се во одделението за изгореници, додека едниот е на траумотологија, кажа Аргирова објаснувајќи дека несреќата има предизвикано голем шок кај повредените.
Таа посочи дека стресот од страшната сообраќајна несреќа е голем, а еден од пациентите е во тежок психолошки шок.
Работат психолозите со него, како и со сите останати“, додава таа.
По трагедијата во Бугарија, каде загинаа 45 патници од Македонија, се анализираат причините за сообраќајната несреќа и пожарот којшто го зафатил автобусот на агенцијата „Беса транс“.
Првичните сознанија укажуваат дека возачот во еден момент изгубил контрола на патот, удрил во заштитната ограда, се слушнала експлозија, по што возилото изгорело најверојатно за 2-3 минути. Седуммина патници успеале да го скршат задното стакло на автобусот и да се спасат.
Несреќата се случи на автопатот Струма, кога патниците се враќале дома по неколкудневна прошетка во Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.