Во Србија денеска се очекуваат нови снежни врнежи, кои во некои делови на земјата, посебно на подрачјата на западна, југозападна и јужна Србија, ќе доведат до зголемување на снежната покривка и за 40 сантиметри.
Црвен метео-аларм е издаден за подрачјето на Белград, западна Србија, Шумадија, Поморавље, југоисточна, југозападна Србија и Косово. Портокалов метео-аларм е во сила во Банат, Срем и источна Србија, а жолт во Бачка.
Портокаловиот метео-аларм значи дека се прогнозирани опасни временски појави кои можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни луѓето и животните. Црвениот метео-аларм значи дека времето е многу опасно и оти предизвиканата штета може да биде голема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.